ФА Куп

Манчестер јунајтед го победи Челси на Стемфорд Бриџ и го елиминираше од ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2-0 го доби големото дерби против Челси и се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот.

Интересно дерби се одигра на Стемфорд Бриџ, особено возбудливо беше во првото полувреме кога беа постигнати и двата гола.
 
Се играше офанзивно и од двете страни, а резултатот беше отворен во 31. минута кога Погба одлично асистираше до Андер Ерера кој со глава погоди за водство на Јунајтед од 1-0.
 
Пред крајот на првиот дел центаршут на Рашфорд, Погба реализира со глава за предност на Јунајтед и од 2-0.
 
Во второто полувреме Челси јалово се обидуваше да дојде до погодок, Манчестер јунајтед ја контролираше играта и на крајот сосема заслужено се радуваше на триумф.
 
По овој пораз уште посилно се тресе столчето на Маурицио Сари на клупата на Челси, а Манчестер јунајтед им се врати на победите по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе