Премиерлига

Манчестер јунајтед го победи Барнли и се искачи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 1-0 победи на гостувањето кај Барнли благодарение на погодок на Погба, со овие три бода тие се нов лидер во Премиерлигата со три бода пред Ливерпул. 

Тимот на Оле Гунар Солшер со цел плен се враќа и од гостувањето кај Барнли, Манчестер јунајтед со ист број на одиграни натпревари има три бода повеќе од Ливерпул.
 
Натпреварот го реши еден гол, во 71. минута по асистенција од Рашфорд, Погба погоди со волеј за 1-0 што беше и конечен резултат.
 
ВАР неколку пати беше активиран во текот на мечот, му беше поништен гол на Мегваер, но во Манчестер јунајтед можат да бидат и среќен што Шо не доби црвен картон по еден опасен старт со отворен ѓон, или пак не беше покажан пенал во финишот по игра на Мегваер со рака.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе