Премиерлига

Манчестер јунајтед го надигра Вотфорд, Фернандеш со деби гол и асистенција (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед скокна на позицијата број пет на табелата откако попладнево со 3-0 го совлада Вотфорд пред своите фанови, јануарското засилување Бруно Фернандеш го постигна деби погодокот во Премиерлигата.

„Ѓаволите“ лесно се справија со Вотфорд, со головите на Фернандеш, Марсијал и Гринвуд, стигнаа до победа од 3-0, со која скокнаа неколку ривали на табелата и се најдоа на позицијата број пет.

Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел, големото јануарско засилување, Фернандеш изнуди пенал и потоа погоди од белата точка за 1-0.

На стартот од вториот дел Вотфорд изедначи на 1-1, но голот беше поништен поради игра со рака на Доусон. Само неколку минути подоцна, Манчестер јунајтед отвори контра, Фостер во прв момент го спречи Марсијал, но Французинот во вториот обид лукаво биеше за 2-0.

Во 75. минута од мечот, Гринфуд распали неодбранливо за 3-0 на асистенција на Фернандеш, кој за одличната партија ја доби наградата МОТМ, односно беше избран за играч на мечот.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе