19 годишниот Мало Густо со своите добри настапи во Лион го привлече вниманието на многу клубови а Челси реши овој месец да превземе конкретни чекори и достави понуда вредна околу 20 милиони евра, која сепак веднаш беше одбиена.
Манчестер јунајтед исто така го има Мало Густо во својот бележник, „ѓаволите“ стапиле во контакт со играчот и го замолиле да не избрзува со трансфер.
Сепак, последните информации велат дека десниот бек на ум има само преселба на „Стемфорд Бриџ“ и се очекува да стане ново засилување на „сините“ во зделка вредна околу 30-40 милиони евра.