Англичанецот се враќа во Премиерлигата

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Санчо: Ми се оствари сонот

Манчестер јунајтед попладнево го комплетираше трансферот на Џејдон Санчо, Англичанецот стави потпис на петгодишен договор со опција да ја продолжи соработката за додатни 12 месеци.

Џејдон Санчо е второ засилување за „ѓаволите“ ова лето. Откако на почетокот од месецот беше договорен трансфер со Борусија Дортмунд вреден 85 милиони евра, зделката беше комплетирана оваа недела и Англичанецот денеска стави потпис на петгодишен договор, со опција да ја продолжи соработката за додатни 12 месеци. 

„Секогаш ќе бидам благодарен на Дортмунд за шанста која ми ја укажаа, иако знаев дека еден ден ќе се вратам во Англија. Шансата да се преселам во Манчестер јунајтед е остварување на сонот и со нетрпение чекам да играм во Премиерлигата“ - рече Џејдон Санчо. 

Изминативе денови имаше многу гласини за тоа бројот на дресот кој ќе го добие Џејдон Санчо, се најавуваше дека офанзивниот фудбалер ќе ја носи „7-та“ која му припаѓа на Единсон Кавани. 

Сепак, ваквите најави не се реализираа, Џејдон Санчо оваа сезона ќе го носи бројот 25.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе