Португалецот стави потпис на пет и пол годишен договор

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Бруно Фернандеш

Завршија сите формалности, Бруно Фернандеш стави потпис на договор со Манчестер јунајтед и го комплетираше трансферот од Спортинг Лисабон. 

„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека потпиша со Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон. Бруно стави потпис на пет и пол годишен договор со опција за продолжување на уште една“, стои во соопштението на клубот.
 
Според англиските медиуми Манчестер јунајтед за трансферот ќе плати 55 милиони евра, но со бонуси тој можа да достигне сума дури до 80 милиони евра.
 
„Мојата љубов кон Манчестер јунајтед навистина започна кога почнав да го гледам Кристијано Роналдо како игра и од тогаш станав фан на овој голем клуб. Чувството да играм тука е неверојатно, работев напорно за да дојдам до овој момент и можам да им ветам на фановите дека ќе дадам се од себе за овој беџ да помогнам за многу успеси и трофеи“, вели Бруно Фернандеш.
 
„Сакам да му се заблагодарам на Спортинг за се што направија за мене. Му благодарам и на Оле и сите во Манчестер јунајтед што покажаа верба во мене, не можам да дочекам да почнам да се оддолжувам за тоа на теренот“.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе