Бруно Фернандеш по мечот трпеше критики дека не постигнува голови против најдобрите екипи, Португалецот денеска на најдобар можен начин одговори.
Со погодок од слободен удар во 78. минута Бруно Фернандеш му донесе победа на Манчестер јунајтед од 3-2.
Мечот почна добро за Ливерпул, Салах донесе водство во 18. минута, но само осум минути подоцна Гринвуд реализираше за 1-1.
По три минути игра во второто полувреме Рашфорд погоди за пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1, но Салах со свој нов гол во 58. минута изедначи на 2-2.