Премиерлига

Манчестер јунајтед го доби дербито со Арсенал, 801 гол за Роналдо во кариерата (ВИДЕО)

Супер дерби на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед го победи Арсенал со 3-2, а Кристијано Роналдо ја помина границата од 800 голови во кариерата. 

Натпревар со пет голови, многу возбудувања и нов рекорд на Кристијано Роналдо видоа навивачите на Олд Трафорд.
 
А мечот не можеше да почне почудно. Во 13. минута се случи досега невиден гол, Смит Роу го совлада Де Хеа додека голманот на Манчестер јунајтед лежеше на теренот. Арсенал поведе со 1-0.
 
Пред крајот на првото полувреме Манчестер јунајтед успеа да изедначи. Фред додаде до Бруно Фернандеш кој реализираше за 1-1.
 
По седум минути игра во второто полувреме Кристијано Роналдо постигна гол по асистенција од Рашфорд за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1. Ова беше гол број 800 за Роналдо, првиот фудбалер кој стигнал до оваа бројка.
 
Но, радоста на домаќините не траеше долго, веќе во 54. минута Одегард даде гол за израмнување на 2-2.
 
Во 68. минута Одегард се претвори во трагичар, направи прекршок за пенал. Роналдо беше прецизен од белата точка за ново водство на Манчестер јунајтед и негов 801. гол во кариерата. 
 
Тоа беше и конечниот резултат, Манчестер јунајтед го победи Арсенал со 3-2.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе