ЛИГА ЕВРОПА

Манчестер јунајтед дури по продолженија го победи Андерлехт, Ибрахимовиќ се повреди (ВИДЕО)

На Манчестер јунајтед му требаа дури 120 минути за да го победи Андерлехт и да се пласира во полуфиналето од Лига Европа, „црвените ѓаволи“ славеа со 2-1.

Манчестер јунајтед со тешки маки се пласира меѓу четирите најдобри во Лига Европа. Натпреварот почна одлично за нив, уште во 10. минута со гол на Мхитаријан поведоа со 1-0.
 
Во тие моменти се чинеше дека нема да имаат проблем, но Андерлехт преку Хани во 32. минута изедначи на 1-1.
 
Манчестер јунајтед пропушти неколку одлични шанси да го реши натпреварот во второто полувреме, но не успеа да постигне гол до 90. минута па мечот отиде во продолжение.
 
Дури во 107. минута Рашфорд постигна за водство од 2-1 кое значеше и победа. До крајот Андерлехт имаше шанси и за изненадување, но не успеа.
 
Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед се и повредите на Рохо и Ибрахимовиќ кој предвреме го завршија мечот.
 
Интересно беше и на дуелот помеѓу Шалке и Ајакс кој исто така имаше продолженија. Во регуларниот дел Германците победија со 2-0, а Ајакс во 80. минута доби и црвен картон.
 
Шалке поведе со 3-0 и тој резултат ги носеше во полуфинале, но до крајот на мечот Ајакс постигна два гола за конечни 3-2.
 
Продолженија се играа и на дуелот помеѓу Бешикташ и Лион кој беше решен на пенали. По 120 минути игра мечот заврши 2-1.По долга пенал серија, францускиот тим победи на пенали.
 
Селта ја сочува предноста во Белгија, натпреварот против Генк заврши 1-1.
 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе