Има двојно државјанство кое може да го спаси од хрватски затвор

Мамиќ е уапсен во БиХ, но ќе биде ли екстрадиран во Хрватска?

Припадниците на државната полициска агенција за истрага и заштита го уапсија хрватскиот фудбалски бос, Здравко Мамиќ во Босна и Херцеговина. 

Хрватските власти по него распишаа меѓународна потерница откако тој ја напушти земјата по изречена казна затвор од 6,5 години.
 
„Полицијата го лиши господинот Мамиќ од слобода. Во текот на денот тој ќе биде предаден во надлежност на судодот во БиХ“, потврди полицијата.
 
Според процедурата, Судот во БиХ ќе провери дали Мамиќ поседува и босанско државјасносто, па тој ќе се изнасни дали е против екстрадиција во Хрватска. Тој неколку пати изјави дека нема намера да лежи во хрватски затвор.
 
Во разговор зa „Кликс“, Мамиќ потврди дека доаѓа во Сараево каде во судот ќе се изјасни против екстрадиција во Хрватска.
 
„Ќе се изјаснам кој сум, што сум и каде сум. Одам на суд. Луѓето кои ме приведоа убаво се претставија и се помина во најдобар ред. Им кажав дека ги очекувам. Тоа го знае цела нација, мора да ме идентификуваат бидејќи е распишана меѓународна потерница“, изјави Мамиќ.
 
Мамиќ има двојно државјаноство и според законите во БиХ, властите на таа земја не ги екстрадираат своите државјани.
 
Мамиќ минатата недела беше осуден на 6 и пол години затвор бидејќи со матни зделки особено при трансферите на Модриќ и Ловрен го оштетил Динамо Загреб и буџетот на Хртватска.
 

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе