ДИНАМО ЗАГРЕБ

Мамиќ: Бабунски беше на проба кај нас, проценивме дека не е играч за Динамо Загреб

Во интервју за „Арена“, главниот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ отркива дека Давид Бабунски бил на проба во нивниот клуб, но тренерите одлучиле дека не е играч по нивна мерка. 

Давид Бабунски од Барселона направи трансфер во Црвена звезда, каде по неуспешната авантура се пресели во Јапонија. Во меѓувреме често се шпекулираше дека е мета и на Динамо Загреб, но никогаш не се појави информација дека имало нешто конкретно.
 
Сега Здравко Мамиќ во интервју за „Арена“ открива дека македонскиот фудбалер тренирал со Динамо Загреб, но не задоволил.
 
„Не можам да кажам детали, но тој тренираше со нашиот втор тим. Мислам дека нашите тренира проценија дека не е фудбалер за Динамо Загреб“ - одговори Мамиќ на прашањето дали можеле да го ангажираат Давид Бабунски.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе