ПМФЛ

Малку фудбал, многу инциденти во Тетово, Шкендија обезбеди место во Европа (ВИДЕО)

Дербито меѓу Шкендија и Шкупи кое се играше во Тетово повеќе личеше на војна отлку на фудбалски натпревар, резултатот беше 0-0, а тетовскиот тим го завери пласманот во Европа.

Дербито почна уште на првата патарина од Скопје кон Тетово кога полицијата ги спречи навивачите на Шкупи да отпатуваат на натпреварот. Се чини дека тоа се покажа како исправен потег ако се знае што се се случуваше таму.
 
Навивачите на Шкендија прво ги нападнаа фудбалерите на Шкупи, летаа факели, предмети, боксови... настрадаа дел од играчите, како и дел од персоналот на клубот.
 
Натпреварот започна со задоцонување, а пред стартот на вториот дел Артид Иљази беше погоден со камен во главата. Па мечот имаше нов прекин поради пиротехничко шоу на „Балистите“. На почетокот од вториот дел беше удрен помошникот судија со камен. А во финишот имаше и меѓусебна тепачка меѓу фудбалерите на двете екипи.
 
 
Фудбал имаше многу малку, Шкендија беше поблиску до победата затоа што Љупчо Дориев промаши пенал во финишот.
 
Шкендија со ова реми го завери настапот во квалификациите од Конференциската лига.
 
Во другите натпревари Академија Пандев со 2-1 го победи Работнички, струмичкиот тим ја задржа втората позиција.
 
Струга Трим Лум со 3-1 го победи тимот на Македонија Ѓорче Петров во Скопје, па Ѓорчепетровци ќе мора со освојување на купот да се пласираат во Европа.
 
Ренова со 2-0 славеше над Скопје, Брегалница со 1-0 беше подобра од Тиквеш, а Пелистер со 2-1 го победи Борец.
 
Резултати 32. коло:
 
Шкендија - Шкупи 0:0
Академија Пандев - Работнички 2:1
 Македонија ЃП - Струга ТЛ 1:3
Ренова - Скопје 2:0
Брегалница - Тиквеш 1:0
Пелистер - Борец 2:1
 
Табела:
 
1. Шкупи 73
2. Академија Пандев 64
3. Шкендија 60
4. Македонија ЃП 57
5. Струга 46
6. Ренова 45
7. Брегалница 45
8. Работнички 40
9. Скопје 32
10. Тиквеш 31
11. Борец 21
12. Пелистер 14 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе