Серија А

Малку фалеше Каљари да го шокира Интер, гостите со голем пресврт во финишот ги однесоа бодовите (ВИДЕО)

Интер триумфираше со 1-3 на гостувањето кај Каљари, домаќините водеа до 77. минута, но капитулираа во финишот и примија три гола.

По елиминацијата од Лигата на шампиони, денеска малку фалеше Каљари да го шокира Интер. Избраниците на Конте добро го започнаа натпреварот, креираа неколку шанси, но Крањо беше извонреден на голот. 

За сите овие промашувања, казната стигна во финишот од првиот дел, Сотил погоди за 1-0. 

Во продолжението од мечот, Интер тешко влегуваше во ритам и се врати во игра во 77. минута кога по еден корнер, Барела закачи волеј од врвот на шеснаесетникот за 1-1. 

Во 84. минута по еден нов корнер, Д'Амброзио се најде осамен на подалечната статива и донесе 1-2. Во последните секунди од мечот, кога Каљари фрли се на една карта, Интер направи контра, Лукаку излезе сам пред празната мрежа и реализираше за 1-3.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе