„Росонерите“ зад сцената работат на трансфер на Македонецот

Малдини и Масара го обожаваат Елмас, Милан понудил 35 милиони евра

Елиф Елмас повторно се поврзува со трансфер во Милан, новинарот Танер Караман пренесе дека „росонерите" веќе доставиле понуда вредна 35 милиони евра, додека пак ТМВ објави дека понудата ќе биде доставена во следните денови.

Паоло Малдини и Рики Масара му го удриле меракот на Елиф Елмас, директорите на Милан го обожаваат Македонецот поради неговата сестраност и можноста да игра во средниот ред и офанзивата.

Новинарот Танер Караман објави дека „росонерите“ на маса ставиле 35 милиони евра за услугите на Елиф Елмас, понудата била доставена до Наполи уште пред неколку дена.

Тутомеркатовеб пак објави дека Милан напорно работи зад сцената но во моментов шампионот на Италија нема испратено конкретен предлог.

Сепак работите можат да се променат во брзо време, ТМВ најавува дека Милан во следните денови ќе достави понуда до Наполи.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе