Зачестија шпекулациите за преселба на Хрватот на Сан Сиро

Малдини ги прокоментира гласините за трансфер на Модриќ: Тој е перфектен за Милан, но нема преговори

Паоло Малдини вели дека Лука Модриќ е перфектен за Милан, но техничкиот директор на „росонерите" појаснува дека не се водат преговори со Реал Мадрид за трансфер на Хрватот.

„Росонерите“ напорно работат на засилување на тимот и денеска беа презентирани Тео Ернандез и Раде Круниќ како нови играчи. Милан се поврзува со уште неколку имиња, а во последно време често се споменува ангажман на Лука Модриќ од Реал Мадрид.

Паоло Малдини попладнево ги прокоментира ваквите гласини, вели дека Хрватот е перфектен за Милан но посочи дека во моментов нема преговори со „кралевите“.

„Седнавме со тренерот Џампаоло и разговаравме. Во потрага сме на добри млади играчи и неколку искусни имиња. За младите играчи да напреднат, треба да играат покрај искусни. Модриќ е перфектен за Милан, но никогаш не сме преговарале со Реал за него“ – вели техничкиот директор на „росонерите“.

„Потребни ни се играчи на одредени позиции, но оние квалитетните фудбалери се скапи. Можеби изгледа дека се мачиме на трансфер пазарот, но тој завршува дури на 2. септември. Не се брзаме, и целта е да направиме што е можно помалку грешки. Трансфер пазарот е полн со преговори, шанси и избори“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе