Напаѓачот на Кротоне сака само тој и неговите деца да бидат среќни

Макси Лопез му простил на Икарди за предавството: Свртев нов лист, тоа е веќе минато

Макси Лопез вели дека му простил на Мауро Икарди за предавството, Аргентинецот свртел нов лист и додава дека ќе стори се за неговите деца да бидат среќни.

Љубовниот триаголник помеѓу Макси Лопез, Ванда Нара и Мауро Икарди им е добро познат на сите во светот на фудбалот. Двајцата беа соиграчи во Сампдорија и добри пријатели, а откако Макси Лопез се раздели со Ванда Нара, со која има три деца, Мауро Икарди влезе во врска со атрактивната блондинка и се ожени со неа.

Макси Лопез долго време ги „плукаше“ по весниците Ванда Нара и Мауро Икарди, но фудбалерот сега излезе со нова реторика и вели дека му простил на својот сонародник за предавството.

„Избрав да бидам среќен и некои работи да ги оставам во минатото. Можеби врската со Ванда Нара беше неуспешна, но цел живот ќе бидам татко на моите деца. Му простив на Икарди, немам никакви проблеми со него. Покрај фудбалот, примарна цел ми е да ги направам моите деца среќни. Затоа свртев нов лист во животот“ – вели Макси Лопез.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе