На Светското првенство во Москва

Макрон дивјачки славеше пред очите на Путин и Колинда по финалето (ФОТО+ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон не можеше да ја задржи радоста откако Франција ја победи Хрватска со 4:2 и го освои златниот пехар на Светското првенство на московскиот стадион Лужники.

Макрон беше меѓу неколкуте високи функционери денеска во рускиот главен град - рускиот претседател Владимир Путин, хрватската лидерка Колинда Грабар-Китаровиќ и шефот на ФИФА, Џани Инфантино.

Франција победи со 4-2 благодарение на автоголот на Марио Манџукиќ, пеналот од Антоан Гризман, но и на головите во второто полувреме од Пол Погба и тинејџерската ѕвезда Килијан Мбапе.

Макрон, олабавен од секаква формалност во славењето на победата, во еден момент скокаше пред другите претседатели, без палто и мавташе со раката во воздух.

Макрон беше присутен и на церемонијата по играта, кога небото над Москва се отвори и ги натопи играчите и политичарите собрани на предавањето на медалите и пехарот.

Сè уште во одлично расположение, Макрон не се вознемири од тоа и продолжи да се ракува со француските играчи додека одеа да го земат златниот пехар.

Како што може да се види во видеото подолу, тој по натпреварот се проби и во соблекувалната на Франција, за да ѝ се приклучи на прославата, па одбранбениот играч на Манчестер Сити Бенџамин Менди и играчот од среден ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, го учат да го изведе популарниот „даб“.

Објавено

Недела, Јули 15, 2018 - 21:32

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе

Способноста за контролирање на бесот е одлика на луѓето со цврст карактер. За жал, во оваа конфузна реалност, таквите индивидуи се вистинска реткост.

повеќе