Шкупи ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а Академија Пандев и Шкендија во квалификациите за Конференциската лига.
Македонија ќе има уште еден претставник во квалификациите за Конференциската лига, а тоа ќе биде победникот на Купот на Македонија, некој од Македонија Ѓорче Петров и Силекс кој се игра во петок од 18 часот.
Сите овие клубови се дел од осумте кои добија лиценци од ФФМ за настап во натпреварувањата на УЕФА.
Комисијата за лиценцирање на ФФМ по завршување на постапката за лиценцирање им издаде лиценца за учество во УЕФА клупските натпреварувања за сезона 2022/23 на клубовите: Ренова, Шкендија, Шкупи, Силекс, Работнички, Струга ТЛ, Македонија ЃП и Академија Пандев.