Навивачките групи се собраа во Тетово и донесоа одлука

Македонските навивачки групи се обединуваат за мечот меѓу Македонија и Косово!

Денеска во Тетово се собраа навивачките групи од Македонија и се договорија заедно, на една трибина да навиваат на важниот бараж полуфинален меч против Косово за пласман на Европското првенство. 

Македонската фудбалска репрезентација на 26. март ќе го игра полуфиналето од Лигата на нации против селекцијата на Косово, меч кој ако го победиме ќе дојдеме на само еден чекор до пласман на Европското првенство.
 
На исклучително важниот натпревар македонските фудбалери ќе имаат поддршка како никогаш досега.
 
Денеска навивачките групи на македонските клубови се собраа во Тетово и се договорија заеднички да дадат поддршка на нашата селекција.
 
„По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Ѓаоли...
Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј.
За Македонија единствени!“, стои во соопштението на навивачките групи кои се собраа во Тетово.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе