КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 У21

Македонските надежи поразени од Србија

Македонската репрезентација до 21 година со 2-0 го загуби натпреварот со Србија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2019.

Србија си замина со целиот плен од Скопје откако со 2-0 ја победи македонската фудбалска репрезентација до 21 година.
 
Србите беа благ фаворит, но Македонија по победата над Ерменија веруваше дека може до поволен резултат и со селекцијата на нашиот северен сосед, но тоа не се случи.
 
Македонските фудбалери одиграа под очекувањата, направија грешки кои Србите ги искористија и на крајот заслужено победија.
 
Резултатот беше отворен во 22. минута кога по асистенција на Радоњиќ, Лукиќ постигна гол за водство на Србија од 1-0.
 
Примениот гол како да ги пресече македонските фудбалери, кои почнаа повеќе да грешат. По еден кикс на Попзлатанов во 37. минута, Живковиќ постигна убав гол за водство на Србија и од 2-0, тоа беше и конечниот резултат.
 
Македонија се обидуваше да се врати во мечот, но Србија беше поблиску до нов погодок отколку ние до намалување на резултатот.
 
Следен меч на Македонија е на 10. октомври кога му гостуваме на Гибралтар.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе