Квалификации за ЕП 2023

Македонските фудбалерки убедливо победија во Летонија

Женската репрезентација на Македонија со убедливи 4-1 победи на гостувањето кај Летонија и го оствари првиот триумф во квалификациите за ЕП 2023.

По двата убедливи порази на стартот од квалификациите, македонските фудбалерки го совладаа аутсајдерот Летонија.
 
Рочи рано во 9. минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Андонова во 28. минута. Само две минути подоцна противникот успеа да го намали резултатот и за момент да ја врати неизвесноста во мечот. Стрелец на погодокот беше Баличева.
 
Во продолжението од средбата, избраничките на Кирил Изов постигнаа уште два погодоци. Максути погоди во 51. минута за убедливи 3:1. Конечните 4:1 ги постави нашиот капитен и најдобар играч, Андонова. Воедно тоа беше и вториот гол на денешната средба за фудбалерката на Леванте.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе