Квалификации за ЕП 2023

Македонските фудбалерки ја победија Летонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во квалификациите за ЕП 2023 година откако ја совлада Летонија со 3-2. 

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова постигна два гола, еднаш погоди Рочи.
 
Противникот одлично го отвори мечот и уште во 5. минута поведе со 1:0. Избраничките на селекторот Кирил Изов брзо ги консолидираа своите редови по рано примениот погодок. Македонија од 13. до 17 минута преку Наташа Андонова успеа да направи комплетен пресврт.
 
Рочи со погодок во 72. минута го реши прашањето на победникот на денешната средба. До крајот на дуелот, противникот успеа да го намали резултат.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе