Македонија има мали шанси за бараж, но тие се уште постојат, судбината не зависи од нас, чекаме кикс и на Романија, но за да се радуваме на лош резултат на Романците потребно е успешно да си ја завршиме нашата работа, а тоа е да ги победиме Ерменија и Исланд.
Ерменците се противник против кој играме лошо на нивен терен, но момците на Благоја Милевски веруваат во триумф во Ереван кој ќе не остави во игра за второто место до последното коло од квалификациите.
Атмосферата меѓу фудбалерите на дешениот последен тренинг беше одлична, тие се подготвени за битката со домаќинот која нема да биде лесна.