Македонските фудбалери имаат тешка мисија да го надополнат тоа што го испуштија во Скопје, потребна ни е победа со најмалку три гола разлика за да останеме во игра до крај.
Надежите ќе беа малку поголеми доколку Милевски ги имаше сите фудбалери на располагање, но тие кои ќе излезат на теренот ветуваат дека ќе дадат се за победа.
Денеска фудбалерите летнаа кон Тбилиси каде во петок ќе играат против селекцијата на Грузија. На Грузијците им одговара и реми, па дури и пораз кој не би бил поголем од 3-0, резултат со кој не победија во Скопје.
По овој натпревар ќе биде познато дали мечот против Бугарија ќе ни биде и резултатски важен или ќе биде само дуел за престиж.




