Македонија на Европско првенство

Македонскиот амбасадор во Романија ги пречека нашите фудбалери (ФОТО)

На првиот тренинг на македонската репрезентација во Букурешт се појави и амбасадорот на Македонија во Романија, Габриел Атанасов кој им посака добредојде на фудбалерите. 

Македонските фудбалери ги одработуваат финалните подготовки пред почетокот на Европското првенство, тие од синоќа се во Букурешт, а имаа и тренинг на стадионот Стеауа.
 
На првиот тренинг на Македонија присуствуваше и нашиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов кој им посака среќа и успех на нашите момци на натпреварите во Букурешт.
 
Македонија во Букурешт игра два натпревари, на 13. јуни, недела против Австрија и на 17. јуни против селекцијата на Украина.
 
 
 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе