ЕВРО 2020

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Министерството за внатрешни работи испрати тим од пет полицајци кои ќе се грижат за безбедноста во Букурешт за време на Европското фудбалско првенство. 

Поради учеството на македонската репрезентација на мечевите од ЕП кои се играат во Букурешт, е најавено присуство и на нашата полиција. Покрај домаќинот, свои тимови на полицајци во романската престолнина ќе имаат и Македонија, Австрија и Украина.
 
По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА,  испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија. 
 
Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.
 
На овој начин, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска  посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик“, стои во соопштението на МВР.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе