Квалификации за ЕП 2020

Македонската репрезентација е комплетна, Пандев, Несторовски, Димитриевски и Барди се приклучија на останатите

Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав го одржа вториот тренинг пред квалификациските мечеви со Австрија и Израел. 

Капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Столе Димитриевски и Енис Барди им се приклучија на останатите кои синоќа ги почнаа подготовките за последните два квалификациски меча за ЕП 2020, репрезентацијата е комплетна.
 
Во составот повторно е играчот на Грасхоперс, Никола Ѓорѓев.
 
„Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Задоволен сум од формата во која се наоѓам, одиграв петнаесетина натпревари, дадов неколку голови и асистенции. Добро се чувствувам и среќен сум што пак сум тука. Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да ги завршиме квалификациите со што е можно подобрар резултатат. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако го знаеме нивниот квалитет, но и ние имаме добри фудбалери и ќе ја чекаме шансата. Ќе видиме како ќе изгледаме тактички, но треба да бидеме трпеливи и доколку ни се укаже шанса да ја искористиме максимално“, вели Ѓорѓев.
 
Младиот дефанзивец, Марио Младеновски важи за голема надеж на позицијата на која сме најслаби. Тој вели дека ќе му биде голема чест ако дебитира за сениорската селекција.
 
„Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревари. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот“, изјави Младеновски. 
 
Македонија на 16. ноември гостува на Австрија, а три дена подоцна го пречекува Израел.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе