Лоши вести од Романија

Македонска ракометна репрезентативка позитивна на коронавирус

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ, која од ова лето е членка на Глорија Бузау е позитивна на ковид-19, пренесуваат романските медиуми.

Пред почетокот на подготовките за новата сезона во Романија, сите ракометарки на Глорија Бузау биле тестирани и за жал позитивна на коронавирус е нашата репрезентативка Елена Ливриниќ. 

Таа веднаш го напуштила кампот и се вратила дома во карантин, а во самоизолација биле испратени и нејзината цимерка и двајца масери на екипата кои имале контакт со Македонката. 

25 годишната Елена Ливриниќ веќе четири години игра во романското првенство, ова лето направи трансфер од Динамо Букурешт во Глорија Бузау.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе