Пријателски натпревар

Македонија во второто полувреме ја скрши Грузија, победа потешка од очекуваното

Македонската ракометна репрезентација потешко од очекувањата дојде до победа над Грузија, славевме со 25:21 по добра игра во второто полувреме. 

Во третиот пријателски натпревар Македонија ја забележа втората победа, во Скопје падна селекцијата на Грузија. Исходот е очекуван, но до него се дојде потешко отколку што се претпоставуваше.
 
Селекторот Брестовац го остави Кире Лазаров на клупата давајќи им шанса на помладите ракометари.
 
Грузија се покажа како силен противник и во првото полувреме беше сосема рамноправна. Во него Македонија имаше многу промашени зицери, особено од Филип Кузмановски на кого ништо не му одеше вечерва.
 
Во вториот дел нешто подобра игра на нашите ракометари, покажаа кој е кој, дојдоа до поубава предност која ја задржаа до крајот за триумф од 25:21.
 
Поповски, Пешевски и Велковски имаа по четири голови, Костески реализираше три. Борко Ристовски мечот го заврши со 13 одбрани.
 
Утре со почеток од 16 часот, исто така во „Борис Трајковски“ се игра вториот меч меѓу Македонија и Грузија.
 
Фото: РФМ

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе