Македонија У19

Македонија во голем стил го потврди пласманот во елитата, Лихтенштајн лесен залак за надежите

Македонските надежи до 19 години со победа од 6-0 над Лихтенштајн го завршија претквалификациониот турнир кој се играше во Скопје, максимален учинок на нашите момчиња кои ветуваат убава иднина.

Со три победи од три натпревари македонската репрезентација до 19 години ги заврши претквалификациите за Европското првенство. Пласманот во елитните квалификации го заверивме минатото коло, а на денешниот меч иако без главната ѕвезда, Елиф Елмас нашите момчиња покажаа уште една одлична партија.
 
На денешниот натпревар Митровски се истакна со хет-трик, по еден гол постигнаа Чурлинов, Колевски и Миовски за убедлива победа над Лихтенштајн од 6-0.
 
Во ист термин се играше битката за втората позиција која исто така носи во елитните квалификации, во ефикасен натпревар Белгија со 5-3 ја победи Швајцарија.
 
Македонија го освои првото место со девет бодови, Белгија е втора со шест, Швајцарија заврши на третото место со три бода, Лихтенштајн последен без бодови.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе