Македонската фудбалска репрезентација како што и се очекуваше се најде во четвртиот шешир заедно со Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург. Тоа значи дека ниту една од овие селекции не може да ни се падне.
Во првиот шешир се Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија и Холандија.
Во вториот шешир се Швајцарија, Полска, Велс, Швеска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка и Романија.
Во третиот шешир се Русија, Унгарија, Република Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција и Финска.
Во петтиот шешир се Ерменија, Кипар, Фарските Острови, Азербејџан, Косово, Естонија, Казахстан, Литванија, Летонија и Андора.
Во шестиот шешир се: Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар и Сан Марино.
Ждрепката ќе се одржи на 7. декември во Цирих.