Ангеловски го објави списокот на фудбалери

Македонија со најсилниот состав против Ерменија и Грузија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за дуелите од Лигата на нации против Ерменија и Грузија. 

Пред Македонија се два натпревари од новата сезона во Лигата на нации, на 5 септември играме против Ерменија, а три дена подоцна со Грузија.
 
Селекторот Ангеловски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за двата меча, во него нема изненадувања.
 
„За натпреварите против Ерменија и Грузија се повикани фудбалери на кои сметав подолг период и на претходните натпревари. Поради повреда нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а Ферхан Хасани ќе недостасува заради „Covid" ограничувањата во Финска. Даниел Аврамовски има пријавено повреда, но е вклучен во составот и ќе допатува во Скопје каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на нашиот медицински тим, се надевам дека ќе биде во ред“, вели Ангеловски.
 
„Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕП, прво место во групата од Лига на Нации, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а се со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на Нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8. октомври“.
 
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар);
 
ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија);  
 
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција);
 
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција); 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе