„Црвено-жолтите“ продолжуваат да напредуваат

Македонија со најдобар ранг на листата на ФИФА во последните осум години

Победите на Гибралтар и Ерменија донесоа скок од две места на последната ранг листа на ФИФА, „црвено-жолтите" во септември се најдоа на 68. позиција со 1344 бодови.

Фудбалската репрезентација на Македонија го има најдобриот ранкинг во последните осум години.

Победите над Гибралтар и Ерменија во Лига на нации придонесоа „црвено-жолтите“ да продолжат да напредуваат, да забележат скок од две места на новата листа на ФИФА и со 1344 бода се најдат на 68. позиција.

Од нашите ривали во Групата 4 во Лигата Д, Ерменија се наоѓа на 100. позиција, Лихтенштајн е на 178. позиција, а Гибралтар е на 198. позиција.

Што се однесува на позицијата број 1, за прв пат откако пред 25 години беше креирана ранг листата на ФИФА, две селекции го делат врвот. Белгија и Франција се први а зад нив се Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе