Квалификации за ЕП 2020

Македонија со бод се враќа од Бер Шева, пропуштивме шанса да го победиме Израел (ВИДЕО)

Македонија одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Израел, стрелец на погодокот за нашата репрезентација беше Аријан Адеми, 93. минута можевме и да победиме доколку Елмас ја реализираше одличната можност која му се укажа.

Македонија се враќа непоразена од Израел, избраниците на Игор Ангеловски одиграа добар меч, одиграа храбро, имаа шанси и за победа но ремито е реален резултат од овој натпревар.
 
Првото големо возбудување се случи в 24. минута, кикс на Столе Димитриевски по кој Израел даде гол, но за наша среќа имаше играње со рака од домашниот фудбалер.
 
Три минути подоцна одлична шанса за Македонија, Барди прекрасно биеше од далечина, но Марчиано го одбрани неговиот удар.
 
Во 30. минута нова шанса за Македонија, Алиоски имаше соло продор од нашата половина кој го финишираше со шут кој заврши за малку крај голот на Израел.
 
Македонија во првото полувреме ги имаше подобрите шанси иако Израел даде гол кој беше оправдано поништен.
 
Во второто полувреме немаше промени во приодот кон играта и кај двете репрезентации.
 
Во 55. минута Соломон убаво се проби од десната страна, македонската одбрана не реагираше најдобро, топката дојде до Захави кој погоди за водство на Израел од 1-0.
 
Радоста на домаќините не траше долго, девет минути подоцна убав центаршут на Алиоски од слободен удар, Адеми погоди со глава за израмнување на 1-1.
 
Во финишот од мечот Израел ја зголеми офанзивата, Македонија се врати малку поназад обидувајќи се да го загрози противничкиот гол од контра напади.
 
Во третата минута од судиското продолжение пропуштивме голема шанса, добра акција на Пандев и асистенција до Елмас кој се најде во позиција за шут но наместо да бие се реши за додавање до Трајковски и можноста пропадна. 
 
На крајот можеме да бидеме задоволни од бодот и играта, но лесно можевме да се радуваме и на победа.
 

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе