Претквалификации за СП 2023

Македонија - Словачка ќе се игра со публика, КФСМ ги повикува навивачите да ѝ дадат поддршка на репрезентацијата

Мечот од претквалификациит за СП 2023 меѓу Македонија и Словачка кој се игра во СЦ Јане Сандански ќе се игра пред публика со ограничен капацитет од 30 проценти. 

Кошаркарската репрезентација синоќа загуби од Швајцарија, а КФСМ се надева дека со помош на поддршка од публиката македонските репрезентативци ќе пружат подобра партија против Словачка.
 
„Согласно потврдата која ја доби нашата федерација, натпреварот кој го играме на 14. август од 19 часот, ќе биде „отворен“ за фановите
 
Конечно, и публика на еден кошаркарски натпревар.
 
И тоа особено важен за нашиот сениорски национален тим. Согласно потврдата која ја доби нашата федерација, натпреварот кој го играме на 14.август (сабота) од 19. часот, против селекцијата на Словачка, ќе биде „отворен“ за сите љубители на кошарката.
 
Согласно добиените препораки на државните и здравствените авторитети во  нашата држава, капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот.
Односно овој исклучително важен меч за нашиот најдобар состав ќе може да го проследат околу 2.000 македонски фанови.
 
Секако со стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на Македонија.
 
Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, да држи пропишано растојание помеѓу седиштата од каде ќе го следи натпреварот Македонија-Словачка.
 
Влезот за овој натпревар ќе биде слободен!
 
Оттука ги повикуваме сите љубители на спортот, пред сè на кошарката, да дојдат утре вечер во СЦ „Јане Сандански“, да му дадат максимална поддршка на нашиот тим, со една цел, заедно да славиме триумф кој ќе нè однесе чекор поблиску до планираната цел – пласманот во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.  
 
Сите заедно да навиваме за Македонија!“, се вели во соопштението на КФСМ.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе