ФИФА ранг листа

Македонија скокна за три места на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација има напредок од три позиции на последната ФИФА ранг листа, сега сме на 62. позиција. 

Победата над Германија и Лихтенштајн ни донесоа напредок од три позиции на најновата ФИФА ранг листа.
 
Можеби очекувавме посериозен напредок по големиот триумф на Германија, но влијание имаше и поразот од Романија.
 
Од противниците на ЕП, најдобро котира Холандија која е на 16. место со пад од две места, Австрија е 23., Украина е едно место подолу од Австријците.
 
На првото место останува Белгија, а во топ десет се уште и Франција, Бразл, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе