Лига на нации

Македонија од вториот шешир ќе биде влечена во ждрепката за Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде сместена во вториот шешир во ждрепката од Лига „Ц“ во Лигата на нации која ќе се одржи во март. 

Како првопласирана во својата група од Лига Д во Лигата на нации, Македонија се пласираше ранг погоре, па во следната сезона од ова натпреварување ќе играме во Лига Ц.
 
Ждрепката за новата сезона од Лигата на нации ќе биде извршена на 3. март, а Македонија е сместена во вториот шешир.
 
Во првиот шешир од лигата Ц се: Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија.
 
Во вториот шешир покрај Македонија се уште и Косово, Белорусија и Кипар.
 
Во третиот шешир се: Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург.
 
Во четвртиот: Ерменија, Азербејџан, Казакстан и Молдавија.
 

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе