Лига на нации

Македонија не е фаворит, но оди на трите бода и против Грузија

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 18 часот во Тбилиси го игра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на нации, противник ни е селекцијата на Грузија. 

Грузија е селекција против која може да играме и меч за пласман на Европското првенство доколку ние го совладаме Косово а тие бидат подобри од Белорусија.
 
Селекторот Игор Ангеловски очекува неизвесен натпревар, смета дека во нашата група нема фаворити и сите можат да го освојат првото место.
 
„Двете репрезентации започнаа со победа, нема топ фаворит во групата, ние стартувавме со три бода, очекувам интересен натпревар, и подобриот нека победи. Јас мојот тим го подготвувам да одигра најдобро што може да одигра и да забележиме позитивен резултат“, вели селекторот Ангеловски на денешната прес конференција.
 
„Ја започнавме групната фаза со победа, но мислам дека утре не сме фаворити. Исто така верувам дека во групата нема изразит фаворит за првото место. Сите четири селекции се со еднакви шанси. Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра селекција . Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да играме во финалето на плејофот за пласман на ЕП 2020. Сепак, сега сме фокусирани на утрешниот дуел“.
 
Горан Пандев против Ерменија почна од клупата за резерви, но се очекува утре против Грузија да биде стартер.
 
„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе