Избраничките на селекторот Симе Симовски ремизираа со Италија благодарение на добрата игра во второто полувреме.
Во првиот дел италијанките биле подобри, имале водство од 16:13, но во второто полувреме нашите ракометарки ја подобриле играта и стигнале до реми.
Македонија на мечевите во Турција настапува со комбинирана селекција, селекторот им дава шанса и на некои нови ракометарки.
Утре нашата селекција има два натпревари, против А и против Б репрезентацијата на домаќинот Турција. Едниот меч е во 11:30 часот, вториот е во 17.
Во недела ракометарките имаат слободен ден, а во понеделник ќе играат со Косово.