Ќе ја темпираме формата на „сино-жолтите“ за мундијалскиот бараж

Македонија ќе игра пријателски натпревар со Украина?!

Потпретседателот на Фудбалската федерација на Украина, Олег Протасов откри дека преговараат со Франција и Македонија за одигрување пријателски натпревари пред дулот со Шкотска во баражот за мундијалот.

Поради воената операција на Русија во Украина, УЕФА го одложи баражот на „сино-жолтите“ против Шкотска за пласман на мундијалот во Катар. 

Овој натпревар треба да се игра на 1. јуни, па за Украина да биде во топ форма, се преговара за одигрување пријателски натпревари. Една опција е дуел со Македонија. 

„Во потрага сме на добри спаринг партнери, веруваме дека не треба да бидеме само учесници во баражот, туку да бидеме победници и да одиме на СП 2022“ - вели потпретседателот на Фудбалската федерација на Украина, Олег Протасов. 

„Мораме соодветно да се подготвиме. Нашите момци се во добра форма и ние треба да им ги обезбедиме сите услови за да останат во добра форма“. 

„Во моментов преговараме со неколку земји како Франција и Македонија, но подоцна ќе откриеме повеќе информации“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе