Квалификации за ЕП 2021

Македонија ја освои Подгорица, Атанасов со два гола донесе пресврт и победа

Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа голема победа против Црна Гора, со двата гола на Јани Атанасов направи пресврт и славеше со 1-2 во Подгорица.

Втора победа за Македонија на стартот од квалификациите за континенталниот собир во 2021 за играчи до 21 година. Вечерва избраниците на Боби Милевски триумфираа на незгодното гостување во Подгорица.

Црна Гора подобро го започна мечот и поведе, но до крајот на првиот дел нашите репрезентативци го свртеа резултатот, а херој на мечот беше Јани Атанасов.

Резултатот го отвори Скендеровиќ во 10. минута, но само четири минути подоцна Атанасов изедначи. Неговиот обид од слободен удар закачи еден противнички играч од живиот ѕид и заврши во мрежата за 1-1.

Во 33. минута од мечот судијата покажа на белата точка а Атанасов ја реализираше најстрогата казна за водство од 1-2.

„Црвено-жолтите“ потоа умешно ја чуваа предноста, во финишот играа и со играч помалку откако Тошески набрзина заработи два жолти картони и исклучување, но овие тешки минути беа пребродени за нови три бода со кои Македонија скокна на првото место на табелата.

Шпанија исто така има шест бода од два меча но „црвената фурија“ има послаба гол разлика. И нашиот следен противник Казахстан има шест бода, но дури од четири одиграни натпревари.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе