Квалификации за ЕП 2020

Македонија има убава традиција против Словенија, нека продолжи така

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Словенија во нова квалификациска битка за Европското првенство 2020.

Македонските фудбалери вечерва играат натпревар од кој многу ќе зависи понатамошниот тек на квалификациите за нас. Доколку ја победиме Словенија ќе ја сочуваме и надежта дека можеме да дојдеме до второто место кое носи на континенталниот собир, со пораз шансите за таков успех ќе останат само теоретски, но не и реални.
 
Словенија во Скопје допатува со голема самодоверба, има три победи по ред во квалификациите од кои едната е против фаворитот Полска. Она што оди во полза на Македонија е традицијата против Словенците која се надеваме дека ќе продолжи.
 
Македонија и Словенија досега имаат одигра пет меѓусебни натпревари, во нив Словенците имаат остварно само една победа, ние три пати се радувавме на триумф, а еден меч заврши нерешено, оној последниот одигран во март.
 
Серијата победи против Словенија ја почнавме од оној историски дуел кога ги совладавме во Крањ со 4-1 во 1993 година. Потоа следуваа два пријателски меча во Скопје кои ги добивме со 2-0 и 3-2. Словенците единствената победа ја забелажаа во Копер 2016 година со 1-0.
 
Може да радува и начинот на кој го одигравме последниот натпревар со нив, во март оваа година во Љубљана беше 1-1, но според играта бевме подобри од домаќинот и заслуживме да се радуваме и на целиот плен.
 
Селекторот Игор Ангеловски за денешниот натпревар нема да може да смета на повредените Барди и Велковски, а во составот ќе го нема и Бејтулаи кој е суспендиран.
 
На вчерашната прес конференција Ангеловски вети дека оние кои ќе излезат на теренот ќе го дадат максимумот за да ја победат Словенија.
 
„Не ме интересира како размислува Словенија, ме интересира само како ќе настапат моите играчи, можам да ветам дека тие се подготвени и ќе се борат за секоја педа од теренот со цел да дојдеме до таа посакувана победа“, изјави Ангеловски.
 
Од поодамна ретко се полни стадионот кога игра македонската репрезентација, не се очекува да биде многу поразлично и денеска, капитенот Пандев сака да дојдат само тие кои ја сакаат Македонија.
 
„Се надевам дека ќе дојдат луѓето што ја сакаат репрезентацијата и ќе не бодрат, не ни требаат негативни луѓе. Не сакаме ни 30.000, ни 15.000, сакаме да дојдат тие што ја сакаат оваа Македонија“, изјави Горан Пандев.
 
Покрај дуелот меѓу Македонија и Словенија, во нашата група денеска Австрија го пречекува Израел, а Полска гостува кај Летонија.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе