ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија има нови херои, храбрите момчиња се пласираа на Европско првенство!

Македонските надежи го направија најголемиот успех во нашата фудбалска историја, ја победија Шкотска со 2-0 и се пласираа на Европското првенство до 21 година.

Македонија ги слави момчињата на Благоја Милевски, направија нешто што беше незамисливо пред почетокот на квалификациите, ќе играат на Европско првенство.
 
Македонија ја победи Шкотска со 2-0, Исланд загуби од Украина со 4-2 што значеше дека ние го освојуваме првото место во групата и се пласираме директно на Европскиот шампионат.
 
Македонија тргна офанзивно уште од самиот старт на натпреварот, уште во воведните минути се виде дека нашите момчиња се подобриот тим на теренот.
 
Првата ерупција на „Филип Втори“ арената се случи во 18. минута од натпреварот. Радески шутираше, голманот Фултон ја одби топката до Кире Маркоски кој ја смести топката во мрежата на Шкотска за голема радост на Македонија и водство од 1-0.
 
Само пет минути подоцна 2-0 за Македонија, Барди постигна прекрасен гол од далечина, веќе беше јасно дека Македонија е победникот во овој дуел.
 
Во 37. минута пенал за Македонија. Еден од шкотските фудбалери играше со рака во својот шеснеасетник, судијата покажа на белата точка, но Давид Бабунски не ја реализираше најстрогата казна.
 
Во второто полувреме доминацијата на Македонија продолжи, ја контролиравме играта на теренот и рутински го приведовме натпреварот до крајот по кој заслужено се радуваме на историски успех.
 
Капата доле за храбрите момчиња кои на Македонија и го донесоа најголемиот фудбалски успех во историјата!
 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе