ФИФА ранг листа

Македонија годината ја заврши на 68. место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација нема напредок во однос на минатата година, но нема ни назадување, исто како и лани завршуваме на 68. место. 

Нема промени за Македонија на новата ФИФА ранг листа, ниту во однос на минатиот месец, ниту во однос на минатата година и овој календарски циклус го завршуваме на 68. позиција.
 
Косово со кого треба да играме во полуфиналето од Лигата на нации е за 47 позиции послабо рангиран од нас, тие се на 115 место. Но нивната позиција и не е реален показател за квалитетот бидејќи тие како новоформирана селекција почнаа од дното на листата.
 
Меѓу најдобрите десет селекции нема промени, Белгија е прва, а по неа се Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе