Лига на шампиони квалификации

Македонија ЃП прими уште три гола од Алашкерт и неславно го заврши учеството во Европа

Уште едно лошо издание на Македонија Ѓорче Петров против Алашкрет од Ерменија, овој пат нашиот тим загуби со 3-0 во Скопје и со вкупни 6-1 е елиминиран од квалификациите во Лига Европа.

Македонија Ѓорче Петров со негатива од 3-1 го почна денешниот натпревар, постоеше мала надеж за македонскиот тим, но таа брзо беше загубена.
 
Натпреварот беше отворен во 21. минута со гол на Нанадовиќ, тука стана јасно дека Македонија Ѓорче Петров нема што да бара.
 
Во 68. минута Галвао реализираше за предност на Алашкерт од 2-0, а шест минути подоцна Восканјан ги постави постави конечните 0-3.
 
Дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Алашкерт е уште еден показател за квалитетот на македонскиот фудбал. Кога не можеме ни да бидеме рамноправни со екипи од Ерменија, не заслужуваме прогрес.
 
Фото: Алашкерт

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе