Ги откажаа пријателските мечеви

Македонија ЃП има двајца играчи позитивни на ковид-19 и апелира: Фудбалерите да се тестираат пред да играат

Македонија Ѓорче Петров соопшти дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирус, тие апелираат сите клубови да направат тестирање пред да почнат да играат натпревари. 

Фото: Македонија ЃП
Поради двата случаи на коронавирус во нивните редови Македонија ЃП ги откажа пријателските натпревари против Работнички и Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаат ново тестирање.
 
Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови.
ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаме повторно тестирање на целата екипа да потврдиме дека сите сме негативни.
Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија!
Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање“, стои во соопштението на клубот.

Легенда под Главна слика

Фото: Македонија ЃП

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе