Квалификации за Лига Европа

Македонија ЃП и Шкупи добија ерменски противници, Академија Пандев против тим од БиХ

Македонските претставници во Лига Европа ги добија противниците за првото квалификациско коло од Лига Европа.

Шкупи немаше многу среќа во ждрепката за противник го доби Пјуник од Ерменија кој лани го елиминираше Вардар.
 
Ерменски противник доби и Македонија Ѓорче Петров, тие ќе играат со Алкашерт кој е помалку познат во нашата јавност.
 
Академија Пандев ќе игра против Зрињски од Босна и Херцеговина. Пандевци треба да се домаќини на првиот меч, а реваншот ќе се одигра во Мостар.
 
Шкупи и Македонија ЃП според ждрепката реваншот треба да го играат на домашен терен но тоа може да биде променето бидејќи и Шкендија вториот меч го игра дома.
 
Првите натпревари се играат на 11 јули, реваншите се седум дена подоцна.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе