Група по мерка

Македонија ги доби противниците за Европското првенство, групата ќе ја играме во Виена

Македонската ракометна репрезентација доби одлична група за Европското првенство, а ќе играме и во градот кој го посакувавме.

Македонија се најде во групата Б каде што носител е селекцијата на Чешка, најслабиот од сите во првиот шешир, ќе играме и со домаќинот Австрија, а од последниот шешир ја добивме Украина.
 
Важно е што ќе играме во Австрија, тоа беше посакуваната дестинација на македонските навивачи, Виена ќе биде градот домаќин на нашата селекција.
 
Европското првенство се игра од 9. до 26. јануари следната година.
 
Група А
 
1. Хрватска
2. Белорусија
3. Црна Гора
4. Србија
 
Група Б
 
1. Чешка
2. Македонија
3. Австрија
4. Украина
 
Група Ц
 
1. Шпанија
2. Германија
3. Летонија
4. Холандија
 
Група Д
 
1. Франција
2. Норвешка
3. Португалија
4. Босна и Херцеговина
 
Група Е
 
1. Данска
2. Унгарија
3. Исланд
4. Русија
 
Група Ф
 
1. Шведска
2. Словенија
3. Швајцарија
4. Полска
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе