Нова историја за македонскиот фудбал

Македонија е во бараж за Светско првенство, Исланд падна во Скопје! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација го победи Исланд со 3-1 и се пласираше во бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Ова е најголем успех за Македонија во едни квалификации за големите натпреварувања. 

Фото: Роберт Атанасовски
Фудбалските херои на Македонија ни приредија нова радост, одиграа уште еден одличен меч, го победија Исланд на Арената „Тодор Проески“ во Скопје и го освоија второто место во квалификациската група, кое нè носи во бараж за пласман на Мундијалот.
 
Македонија фуриозно го почна мечот, во втората минута Трајковски шутна крај голот, а две минути подоцна Елмас се обиде, но голманот Олафсон го одбрани неговиот удар.
 
Таквиот агресивен старт донесе и ран погодок, во седмата минута по едно одлично додавање од Трајковски, Алиоски постигна убав гол за водство на Македонија од 1-0.
 
 
По дадениот гол македонските фудбалери го намалија притисокот кон противничкиот гол, но ја имавме топката во нашите нозе и ги контролиравме случувањата на теренот.
 
Пред крајот на првото полувреме вторпат ја затресовме мрежата на Исланд, Чурлинов постигна погодок, но голот ни беше поништен поради офсајд. На одморот заминавме со водство од 1-0.
 
Исланд успеа да изедначи рано во второто полувреме, во 54. минута, Торстенсон искористи едно невнимание на македонската одбрана и постигна гол за 1-1.
 
 
Но таквиот резултат не траеше многу долго, десетина минути подоцна Македонија си го врати водството. Алиоски на двапати се обиде, по што се создаде мешаница пред голот на Исланд, но Елмас најдобро се снајде и погоди за 2-1.
 
 
Во 79. минута Исланд остана со фудбалер помалку откако Јоханесон доби втор жолт картон. Од слободниот удар по направениот фаул, се обиде Барди, но за малку беше непрецизен.
 
Сите дилеми околу победникот ги реши Елмас во 85. минута, по една одлична акција го постигна својот втор гол на натпреварот и ги постави конечните 3-1.
 
 
По последниот судиски свиреж почна големата радост за овој нов успех на македонските фудбалери, кои вечерва ги заслужија сите аплаузи на многубројната публика на Арената „Тодор Проески“.
 
Ни остануваат уште две пречки во баражот до пласман на Светското првенство во Катар. Ждрепката за тие дуели ќе се одржи на 26 ноември.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе