Лига на нации

Македонија доживеа тежок пораз од Грузија, шансите за првото место се сведоа на теорија

Македонија доживеа тежок пораз од Грузија со 3-0 на арената „Тодор Проески“, првото место во групата за нас сега е невозможна мисија. 

Фото: ФФМ
Грузија дојде по одмазда во Скопје и успеа во својата намера, Македонија одигра лош меч и заслужено загуби од противникот. Не само што загубивме туку доживеавме вистински дебакл.
 
И покрај отсуствата на некои наши важни фудбалери како Ристовски и Адеми, за убедливиот пораз од Грузија нема оправдување. Македонските фудбалери одиграа под своите можности, а Грузија под водство на Вили Сањол игра подобро од минатото.
Првото полувреме беше речиси израмнето, ние имавме нешто повеќе од играта, но мрежите мируваа во првите 45 минути.
По седум минути игра во вториот дел, добра акција на Грузијците, лоша реакција на нашата одбрана донесе до водство за гостите од 1-0 со голот на Зивзиадзе.
 
 
Десет минути подоцна втор гол за Грузија, Кваратскелија шутираше убаво од голема далечина, Димитриевски не интервенираше добро, топката заврши зад неговиот грб.
 
 
Конечните 3-0 за Грузија беа поставени во 84. минута кога Китеишвили погоди за нова радост на гостите.
 
 
По три одиграни кола Грузија има дури пет бодови повеќе од Македонија. За да дојдеме до првото место покрај тоа што ќе треба да ги победиме Грузијците на нивен терен, треба да чекаме и нивен кикс против Бугарија и Гибралтар, што е тешко остварливо.
 
Фото: ФФМ

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе